Спектакуларни квалификации во Монте Карло – Кими на пол позицијата пред Ферстапен, Леклер заврши во ѕидот

Андреа Кими Антонели ја освои пол-позицијата пред утрешниот старт на Големата награда на Монако, поставувајќи време за 43 илјадитинки побрзо од Макс Ферстапен во последниот обид, кога истече времето предвидено за квалификациите.

Додека лидерот во шампионатот, тинејџерот од на Мерцедес ја преминуваше целта, Шарл Леклер, домашниот миленик, возач на Ферари, заврши во ѕидот во близина на пристаништето и го оштети своето возило, откако минута претхосно постави најдобро време.

Покрај Антонели и Ферстапен, Леклер го пресригна и неговиот тимски колега Луис Хамилтон, кој ќе стартува трет.

Третиот ред го формираа Исак Хаџар ид Ред Бул и Џорџ Расел од Мерцедес, кој се мачеше во текот на квалификациите. Зад нив се пилотите на Мекларен, Оскар Пјастри и светскиот првак Ландо Норис.

Топ 10 го заокружија Пјер Гасли од Алпин и Лијам Лосон од Рејсинг булс.

Трката низ улиците на Монте Карло, в недела, ќе започне во 15 часот.

foto: EPA

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО