Премиер лигата почнува викендов, со вечерашниот меч, Манчестер јунајтед – Фулам, на „Олд Трафорд“ (21 часот).
Неприкосновениот последниве сезони, Манчестер сити, одбраната на титулата ќе ја почне со дербито против Челси, в недела на домашен терен. По подолга, 22- годишна пауза, во елитното друштво се врати Ипсвич. Покрај Ипсвич, нови Премиерлигаши се Лестер и Саутемптон, по едногодишното отсуство.
Во Премиер лигата 20-те клуба ќе треба да одиграат 380 натпревари, распоредени во 38 кола. Сезоната почнува на 16 август и ќе трае до 25 мај, кога сите натпревари ќе почнат во истовреме.
Како главни фаворити за титулата се сметаат Манчестер сити кој ја освојуваше титулата во последните четири сезони и Арсенал кој две сезони по ред е втор.
Покрај Сити и Арсенал, Ливерпул кој има нов тренер, Арне Слот, на местото на Јирген Клоп, Манчестер јунајтед и Тотенхем се сметаат за кандидати за место меѓу четирите најдобри тима.