10/09/2024

Гостинските навивачи се враќаат на „Олд фирм“ на крајот од сезоната!

Селтик и Ренџерс ќе им обезбедат билети на гостинските навивачи за последните две средби од годинашната сезона во шкотската Премиер лига, соопшти Лигата.

Оваа одлука уследи по соопштението на клубовите од Глазгов, дека ќе ја продолжат забраната за присуство на гостински симпатизери на натпреварите на Селтик парк, во септември и на Ајброкс, во јануари.

Со оглед на големината на стадионите, околу 2.500 навивачи на Селтик би можеле да го посетат Ајброкс, односно 3.000 навивачи на Ренџерс, на Селтик парк.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО