Дисциплинската комисија на Европската фудбалска унија (УЕФА) казни седум од 24-те земји кои се натпреваруваа на ЕП 2024 поради расистичко или дискриминаторско однесување на нивните навивачи.
Санкционирани се ФС на Хрватска, Србија, Романија, Словенија, Албанија, Унгарија и на Австрија.
Казните се парични и се до 50.000 евра, за Хрватска, поради „расистичко и дискриминаторско однесување на навивачите“ на натпреварите против Шпанија, Албанија и Италија, како и забрана за продажба на билети за следниот натпревар на гости.
Романците се казнети со 40.000 евра, а Србија, Словенија, Унгарија и Албанија со по 30.000 евра, како и забрана за продажба на билети на навивачите за следниот натпревар на гости, односно две години условно. Најдобро минаа Австријците кои се казнети со 20.000 евра поради истите дејанија.