Астон вила го продаде Диаби во С. Арабија за 60 милиони фунти

Напаѓачот на Астон вила, Муса Диаби, следната недела ќе се пресели во Ал Итихад во Саудиска Арабија. Диаби е подготвен да замине на лекарските прегледи откако се согласи на петгодишен договор со Ал Итихад според кој Вила ќе заработи 60 милиони фунти.

Диаби (25) минатото лето дојде на „Вила парк“ од Баер Леверкузен за рекордна сума од 43 милиони фунти. Францускиот репрезентативец во Саудиска Арабија, ќе игра заедно со сонародниците Карим Бензема и Н’Голо Канте.

Диаби одигра 54 натпревари за Вила во дебитантската сезона во клубо од кои сите 38 во Премиер лигата и даде вкупно 10 гола.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО