Барса со (не)реален план сака да заштеди 26 милиони евра на Левандовски

Роберт Левандовски во летото 2022 година пристигна во Барселона од Баерн Минхен во трансфер вреден меѓу 45 и 50 милиони евра. Каталонскиот клуб го заштити со клаузула од половина милијарда евра и му даде богат договор. Сега тој договор станува товар и Барса бара начини како да ги намали примањата на полскиот напаѓач.

Во доцните играчки години (36), Левандовски ќе има одлични приходи и во наредната сезона, дури 33,3 милиони евра бруто. Тој е под договор и за сезоната 2025/2026, кога таа бруто плаѕа паѓа на 26 милиони евра.

Барселона се обидува да ја заштеди сумата за последната година од неговиот договор, пренесуваат шпанските медиуми. Тоа ќе може да го направи под услов Левандовски да одигра помалку од 55 отсто од вкупниот број натпревари на Барселона во новата сезона.

Сето ова не изгледа многу веројатно бидејќи Барса не беше активна во преодниот рок и нема подготвена замена за Левандовски, кој минатата сезона одигра 49 натпревари на кои даде 26 и асистираше за девет гола.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО