Селекторот, Мурат Јакин, кој утре со неговата Швајцарија ќе излезе на мегдан со бранителот на европската фудбалска титула – Италија, вели дека противникот треба да ја има улогата на фаворит.
– Италија е пофудбалска земја. Веруваме во нашите квалитети и сакаме да се докажеме. Мислам дека секој има шанса да победи. Ќе играме со големо задоволство – потенцира предводникот од клупата на Швајцарија.
Мечот од првиот елиминациски дел ќе биде одигран утре од 18.00 часот на стадионот во Берлин.