Новак Ѓоковиќ доби расекотина на главата, откако несреќно во неговата глава заврши тешко алуминиумско шише, кое несреќно испадна од ранецот на еден навивач, кој чекаше автограм.
Првично се мислеше дека е намерно, од еден агол дури и изгледаше дека е намерно, но во останатите видео материјали, се гледа дека наведнувањето на еден од навивачите, несреќно шишето излезе од неговиот ранец и заврши како удар во главата на Ѓоковиќ.
Раната на главата на Ѓоковиќ е санирана и српскиот тенисер е во ред, а по тој повод, се огласија од организацијата на турнирот со соопштение:
– Новак Ѓоковиќ е удрен со шише вода во глава, додека го напушташе централниот терен, додека даваше автограм. Тој е прегледан и повредата е санирана, веќе ја напушти болницата Форо Италико и се врати во хотелот каде престојува. Неговата ситуација не е загрижувачка, порачаа од организаторите на турнирот во Рим.