Се огласи Сабаленка околу инцидентот со Ѓоковиќ

Една од најдобрите тенисерки во денешницата, Арина Сабаленка, се огласи по повод инцидентот кој се случи во Рим, кога Новак Ѓоковиќ беше погоден со шише во глава.

Првично се веруваше дека тоа е намерно испланирано, но дел од видеата укажуваат на тоа дека алуминиумското шише несреќно завршило во главата на Ѓоковиќ, по едно невнимание на еден навивач.

– Не видов баш најдобро, имав слаба интернет конекција. Ако е навистина тоа намерно, тогаш тоа е болно. Тие работи не може да се контролираат, тоа е прашање и за безбедноста околу терените. Ако е случајно, што да се каже, се случува, но ако е намерно, тоа не е воопшто добро, порача Сабаленка.

По овој инцидент, беше одложена пресконференцијата на Новак Ѓоковиќ и обраќањето до медиумите.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО