Гвинеја e последнaта репрезентација што се пласира на фудбалскиот турнир на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз 2024, со победата над Индонезија од 1:0 на интерконтиненталниот плеј-оф во Клерфонтен, Франција.
Гвинеја за прв пат од 1968 година, ќе игра на ЛОИ, на турнирот со 16 селекции и ќе игра во групата А, со домаќинот Франција, САД и Нов Зеланд.
Египет, Мароко и Мали, исто така, ќе ја претставуваат Африка на Игрите во Париз 2024 година.
Фудбалскот машки турнир на ЛОИ ќе трае од 24 јули до 9 август, а во женска конкуренција од 25 јули до 10 август.
Група А: Франција (домаќин), САД, Гвинеја, Нов Зеланд
Група Б: Аргентина, Мароко, Ирак, Украина
Група Ц: Узбекистан, Шпанија, Египет, Доминиканска Република
Група Д: Јапонија, Парагвај, Мали, Израел