Шкупи и МКК Куманово се враќаат во елитното друштво

Кошаркарите на Шкупи по пет години повторно се враќаат во кошаркарската елита. Во третиот, решавачки натпревар, Шкупи беше убедлив над Маџари (77:59), што беше доволно за пласман во второлигашкото финале, но и за место во повисок ранг следната сезона.

Претходно, ова им успеа и на кошаркарите на МКК Куманово, кои беа подобри од екипата на Ангели, во два натпревара.

Овие две екипи во меѓусебен дуел, во финалето, закажано за 11 мај (сабота) во Куманово, ќе одлучат и кој ќе биде шампион на Втората лига за сезоната 2023/24.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО