За влакно избегнат инцидент во Атина: Со кого сакаше Лесор да се пресмета?!

Кошаркарите на Панатинаикос го возвратија ударот во вториот дуел против Макаби и изедначија на 1:1.

Но цела Грција зборува за Костас Слукас, кој постави рекорд на кариерата со 29 поени, 3, скока и 4 асистенци. Макаби не успеа и во вториот натпревар да ја изненади грчката екипа, па по два меча, резултатот е нерешен, 1:1.

Вечерта на кариерата за Костас Слукас во „ОАКА“ арената, на крајот сепак не помина така добро и мазно, бидејки се случија тензични моменти во подтрибинскиот простор.

Недолго по мечот, се појави видео снимка на која се гледа доста голема врева и туркање, а во главна улога беше Матијас Лесор, кој имаше одредена жолчна расправија со некој од противничката екипа, а неколкумина го држеа за ситуацијата да не ескалира.

Во близина беше и Јанис Папапетру, а дури потоа се вклучи и Слукас.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО