Судискиот комитет на шпанската фудбалска асоцијација ја одби жалбата на Реал Мадрид доставена за судијата Хуан Мартинез по натпреварот на стадионот на Осасуна.
„Кралевите“ испратија писмо до Дисциплинската комисија и Државната комисија за борба против насилство, расизам, ксенофобија и нетолеранција во спортот, во кое навеле дека судијата Мартинез не забележал ништо во записникот за навредливите извици на навивачите кон Винисиус Жуниор.
– Техничкиот судиски комитет на РФЕФ ја изразува целосната и безрезервна поддршка на судијата Хуан Мартинез Мануера во врска со неправедните обвинувања од Реал Мадрид во неговата жалба до Комитетот за натпреварување, се наведува во соопштението.