Далеку од очите на јавноста – Новак Ѓоковиќ умее со баскетот, тоа го покажа и беше „уловен“

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го гледаше синоќа натпреварот во Лос Анџелес помеѓу домаќинот ЛА Лејкерс и Голден Стејт Вориорс, а на крајот од средбата приватно се дружеше и со Стефан Кари.

Кошаркарот кој својот тим го однесе до победа на оваа средба, размени дрес за рекет со српскиот тенисер, кој далеку од очите на јавноста покажа со каков талент располага.

Снимката која циркулира на социјалните мрежи, покажува дека Новак Ѓоковиќ некаде низ ходниците во подтрибинскиот простор на „Стејплс Центар“, изведува кошаркарски дриблинзи.

Два пати српскиот ас ја префрли топката низ нозе и од една до друга топка, а камерите ги забележаа потезите на најуспешниот тенисер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО