Јуве како да се подготвува да кампира во дворот на Баерн Минхен: Заинтересирани за четири играчи

 

Од Јувентус дефинитивно се расположени за опцијата да пазаруваат во Баерн Минхен.

Дури четворица фудбалери им биле интересни и ова лето ќе се позанимаваат поинтензивно на таа тема.

Јувентус силно посакуван кам-бек на италијанскиот фудбалски врв и за тоа даваат до знаење дека нема да штедат ресурси.

Во Торино летото кое е пред нас очекуваат достојни имиња со кои повторно ќе го запоседнат врвот на табелата во Серија А.

– Раководството на Јуве оддржало состанок со челниците на Баерн Минхен со цел да соберат информации за одредени играчи и со цел да ги планираат засилувањата. Четири имиња се во игра, Леон Горецка, Џошуа Зирке, Нусаир Мазраи и Лерој Сане се можни опции од Баерн Минхен, тврдат медиумите во Италија.

Леон Горецка е играч кој Баерн сака да го продаде, а исто е веројатно и со Џошуа Зирке, кој е продаден на Болоња во 2022 година, но Баерн го поседува неговиот договор и може да го врати кога ќе посака, за да го продаде на друг клуб.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО