Маратон во Лондон 2024: Еднакви награди за сите учесници

Маратонот во Лондон ќе стане првиот во светот што ќе понуди еднакви парични награди за учесниците во трките со инвалидски колички и за спортистите-неинвалиди.

Со зголемувањето од 43.000 фунти наградниот фонд за трките со инвалидски колички ќе се зголеми на 243.000 фунти идентични со наградниот фонд за спортистите-неинвалиди.

Сите победници на трките на годинашниот маратон во Лондон што ќе одржи на 21 април, ќе добијат по 43.500 фунти.

– Во последните неколку години направивме големи чекори кон нашата амбиција маратонот во Лондон да го направиме најразновиден и најправеден во светот. Ова е уште еден важен чекор кон постигнување на таа цел, рече директорот на настанот, Хју Брашер.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО