Дани Алвеш осуден на 4,5 години затвор за силување

Судот во Барселона го осуди Дани Алвеш на четири и пол години затвор за случајот со силување. Алвеш ќе мора како обештетување на жртвата да и плати 150.000 евра.

На бразилскиот фудбалер му се закануваше затворска казна од девет години, а шпанските судски власти одлучија да му изречат половина од максималната казна. Алвеш помина 13 месеци во затвор, што беше превентивна мерка што ја определи Судот.

Како потсетување, Алвеш беше обвинет дека принудил 23-годишна девојка на секс во тоалетот на еден ноќен клуб во Барселона, ноќта на 31 декември 2022 година.

Во текот на судењето беа сослушани 30 лица, меѓу кои и жртвата, која сведочеше зад затворени врати. Алвеш од почетокот до крајот остана на ставот дека не е насилен човек и оти сексуалниот чин бил консензуален.

.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО