Словенецот Лука Дончиќ постигна 45 поени, плус девет скока и 15 асистенции на мечот Далас маверикс – Орландо меџик, 131:129. Дончиќ шутираше 12/23 од поле и 18/21 од линијата за слободни фрлања.
На претходниот натпревар тој постигна 73 коша и имаше 17 асистенции, а на овој уште еднаш ги помести границите и влезе во историјата на најсилната кошаркарска лига во светот.
Само петмина играчи во историјата на НБА лигата имаат одиграно натпревар во кој постигнале најмалку 45 поени и имале најмалку 15 асистенции.
Прв тоа го направи Гејл Гудрич во 1969 година, потоа Ајзеа Томас во 1983 година, а по нив следуваа Џејмс Харден, Тре Јанг и Дончиќ кој е единствениот кој двапати го забележал ова, што го издвојува од останатите.
Посебно е фасцинантно што тој за прв пат одигра ваков меч во декември минатата година, а го повтори за нешто повеќе од еден месец.
Играчи со над 45 поени и над 15 асистенции во НБА:
Гејл Гудрич (Феникс санс, 1969), 47 поени, 15 асистенции и осум скока
Ајзеја Томас (Детроит пистонс, 1983), 47 поени, 17 асистенции, пет скока
Џејмс Харден (Хјустон рокитс, 2016), 53 поени, 17 асистенции, 16 скока
Тре Јанг (Атланта хокс, 2019), 49 поени, 16 асистенции, осум скока
Лука Дончиќ (Далас маверикс, 2023), 50 поени, 15 асистенции, шест скока
Лука Дончиќ (Далас маверикс, 2024), 45 поени, 15 асистенции, девет скока