По Елмас уште еден Македонец се сели во Германија – Елези ќе игра во Бундеслигата

Веќе некое време е јасно дека раководството на клубот од северот на Хрватска и играчот за врска од Македонија не можат да се договорат за продолжување на соработката, а сега најдоа заеднички јазик и Елези ќе направи голем исчекор во кариерата. .

Последниот натпревар во редовите на прволигашот Вараждин го одигра на почетокот на ноември во ремито со Динамо (1-1), а по тоа играчот од средниот ред Агон Елези (22) заврши во јуниорскиот тим бидејќи не успеа да се договори zа продолжување на соработката со клубот, а договорот му истекува во јуни оваа година.

Беше јасно дека ќе бара место за заминување во зимскиот преоден рок, а своевремено беше извесно дека кариерата ќе ја продолжи во австрискиот бундеслигаш Клагенфурт. Клубовите разговараа, како и играчот со идниот можен работодавец, но таа зделка во последен момент ’пропадна’, но Агон сепак оди во Бундеслигата.

Со заминување во германски Бохум го поврзуваа соиграчот на Елези од Вараждин, голманот Оливер Зеленика, но сепак Македонецот ќе биде тој што ќе се пресели таму.

Тоа нема да биде трансфер со добра цифра во касата за Вараждин со оглед на тоа што Елези до крајот на договорот има уште на 6- месеци но секако е одличен показател дека и од „помалите“ хрватски клубови тоа можно е да се оди во најсилните светски лиги.

Според извор близок до клубот, Елези е на пат за Германија каде треба да направи лекарски преглед и да го комплетира трансферот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО