Падна договор – Рубио се враќа во Барселона

Шпанскиот кошаркар Рики Рубио се враќа во Барселона, а неговото враќање во каталонскиот клуб ќе биде официјализирано во следните неколку часа. Рубио почна да тренира со тимот.

Самиот Рубио ја објави оваа информација на Твитер.

“Здраво на сите! Сакам да ве известам дека дојде време за последната фаза од моето закрепнување. Размислувам за тоа со недели и откако толку напорно работев за да ги вратам умот и телото, има доволно желба и сила да видам како ќе реагирам кога повторно ќе ја допрам топката.

Мојот следен чекор во кариерата беше да ја прашам Барселона дали можам, без никаква обврска и без да ги прекинувам нивните планови за сезоната, да тренирам со нив. Изразувам благодарност за нивното разбирање и поддршка.

На крајот, сакам да им се заблагодарам на сите кои покажаа почит и ме поддржуваа во текот на овој процес. Го ценам почитувањето на приватноста што го покажавте на патот“, се вели во изјавата на Рубио.

Рубио до неодамна имаше важечки договор со Кливленд Кавалирс. Тој тригодишен договор беше вреден 18 милиони, а го потпиша летото 2022 година.

Во август 2023 година реши да паузира поради проблеми со менталното здравје, а на 4 јануари годинава и официјално ги прекина договорните обврски кон Кавалирс.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО