Англичаните го тврдат спротивното – Артета не мрда од Арсенал

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета не планира да го напушти клубот на крајот на сезоната, објави денеска Скај Спортс, со што го демантираше пишувањето на шпанските медиуми вчера.

Вчера шпански „Спорт“ објави дека Артета има намера да го напушти Арсенал на лето, а бројни медиуми ја пренесоа веста која експресно се рашири.

Во саботата тренерот на Барселона Чави објави дека ќе го напушти шпанскиот клуб по крајот на сезоната, а претходно и Клоп во Ливерпул.

Артета е на клупата на Арсенал од 2019 година кога го замени Унаи Емери. Неговиот договор со овој премиерлигаш е со важност до летото 2025 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО