Фудбалскиот состав Воска го ангажираше Срѓан Захариевски на местото на црногорскиот фудбалски стратег, Милјан Радовиќ, кој заработи отказ по првото пролетно коло и поразот на теренот на Шкупи.
Захариевски кој ги водеше екипите на Пелистер, Металург и Струга ТЛ, ќе има тешка задача да ги задржи охриѓани во прволигашкото друштво. Неговото деби веројатно ќе биде на мечот со Силекс на 25 овој месец во 20 коло во Првата фудбалска лига.