Зафировска: Сите мисли ни се насочени кон финалето

Кошаркарката на Вардар, Моника Зафировска, денеска беше гостинка на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ. Големата перспектива на мак-баскетот, нагласи дека „црвено-црните“ максимално се подготвуваат за големото финале во шампионатот кое ќе стартува на 15 мај. Противникот ќе биде познат по денешната мајсторка меѓу Баскет Кам и Крива Паланка.

– Заслужено сме во битката за титулата. Двата меча со Куманово во полуфиналето беа крајно интересни и драматични. Ние покажавме поголема желба за победа, имаме одлична екипа која може секого да победи.

Не е битно кој ќе ни биде противник во финалната серија, ние ќе се обидеме да го дадеме максимумот. Знаеме дека квалитетот на екипите е изедначен и секоја, секого може да победи. Мислам дека многу вложивме сезонава и очекуваме да бидеме наградени со шампионскиот пехар, потенцираше младата кошаркарка на Вардар.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО