(ВИДЕО) Не е чудно што противничките навивачи не го сакаат!

Напаѓачот на Реал Мадрид, Бразилецот Винисисус Жуниор подолго време е на удар на противничките навивачите поради однесувањето на теренот.

„Кралевите“ изборија ново финале во Лигата на шампиони (ЛШ), 18-то во најквалитетното клупско натпреварување, елиминирајќи го Баерн (2:1) во „луда“ завршница. Иако не постигна гол, Винисиус Жуниор беше еден од хероите на Реал.

Во текот на целиот натпревар тој беше вистинско искушение за одбраната на баварскиот гигант и имаше неколку шанси за гол, но кога станува збор за реализацијата, тоа не беше негова вечер.

Но со еден потег го навлече гневот на гостинските, но и на фудбалските навивачи ширум светот. На социјалните мрежи се прошири видео на кое може да се види како Бразилецот неспортски, се обидува да го испровоцира Џошуа Кимих во финишот од мечот.

Бразилецот веќе подолго време е на удар на навивачите, а зошто е тоа така погледнете на видео снимката.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО