За Енцо Фернандез заврши сезоната

Аргентинецот, Енцо Фернандез ќе биде надвор од фудбалските терени до крајот на сезонава, соопшти неговиот клуб, Челси.

Играчот за врска мораше да ги оперира препоните, по што го чека период на рехабилитација што значи дека за него сезоната прерано заврши.

Фернандез (23) дојде во Челси во јануари 2023 година од Бенфика за огромни 105 милиони фунти и оттогаш одигра 62 натпревари за лондонскиот клуб, постигна седум гола и имаше пет асистенции.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО