ЛШ: Барса убедливо го совлада ПСЖ, и е на чекор до завршниот турнир

Ракометарите на Барселона направија голем чекор кон пласман на завршниот фајнал-фор турнир во Лигата на шампиони (ЛШ) со победата на гости кај ПСЖ во првиот четвртфинален натпревар, со 30:22. Дика Мем ја предводеше Барселона со седумте гола, колку и Камил Сипржак за ПСЖ.

Во вториот натпревар одигран во четвртокот, Веспрем оствари минимална победа против Алборг од 32:31. Шест гола даде Недим Ремили, а четворица гостински играчи постигнаа по четири гола.

Во средата, Монтпелје го совлада Кил со 39:30, а Киелце забележа минимална победа над Магдебург, 27:26.

Реваншите се играат следната недела, на 1 и на 2 мај. Победниците ќе се пласираат на завршниот турнир што ќе се игра на 8 и на 9 јуни во Келн.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО