Навивачите на Баерн потпишуваат петиција за останување на Тухел

Повеќе од 11.000 навивачи на Баерн Минхен се потпишале на петицијата за останување на Томaс Тухел на кормилото на баварскиот гигант.

Петицијата под наслов „Го сакаме Томас Тухел, а не Рангник“ се потпишува со цел да се охрабри раководството на клубот да му даде шанса на Тухел да го води тимот и во следната сезона.

Дел од навивачите сметаат дека Тухел е вистинскиот човек кој треба да продолжи да го води тимот. Во моментов се зборува дека поранешниот менаџер и советник на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник е во напредни преговори да стане иден тренер на Баварците.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО