Влаховиќ ќе потпише нов договор со Јувентус

Ѕвездата на Јувентус, Србинот Душан Влаховиќ, ќе потпише нов долгорочен договор со „старата дама“. Неговиот агент треба да се сретне со преставници на клубот во наредните недели, објави „Газета дело Спорт“.

Влаховиќ (24) е во извонредна форма од почетокот на годината, постигнувајќи девет гола на последните седум првенствени натпревари, и почна да ја оправдува сумата од 80 милиони евра платена за него пред две години.

Тој има договорно зголемување на платата секоја наредна сезона и од јули треба да добива по 12 милиони евра нето годишно.

Јувентус се’ уште е во деликатна финансиска ситуација и работи на изградба на одржлив проект, со што платата на напаѓачот станува проблем.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО