(ВИДЕО) Вембањама го надигра најголемиот ривал и си обезбеди место во НБА историјата

Виктор Вембањана направи голем чекор напред кон признането за најдобар дебитант на сезоната надигрувајќи го во директната битка најголемиот ривал, Чет Холмгрен, на мечот Сан Антонио спарс – Оклахома Сити тандер, 132:118.

Победата на Спарс е големо изненадување, за што потврда е податокот дека ова е нивна само 12-та победа сезонава, втора во февруари, месецот во кој претрпеа 10 порази. Оправдување за тоа може да биде фактот што претходните девет натпревари ги играа на гости.

Вембањама постигна 28 поени, од кои пет тројки од седум обиди, плус 13 скока, седум асистенции, пет блокади и две украдени топки. Така стана првиот играч во историјата на НБА со најмалку 25 поени, 10 скока и по пет асистенции, блокади и тројки на еден натпревар!

Тој ги спои двата најважни момента на две минути пред крајот на мечот кога постигна тројка за плус девет, а потоа го блокираше Холмгрен, кој се обиде да возврати.

Холмгрен исто така одигра одличен натпревар постигнувајќи 23 поени (8/12 шут), седум скока, пет асистенции и една блокада, но немаше вистински одговор на играта на Вемби.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО