Куп на Шпанија: Финале Атлетик Билбао – Мајорка

Атлетик Билбао го победи Атлетико Мадрид со убедливи 3:0 (во првиот меч со 1:0) и се пласира во финалето на „кралскиот куп“ на Шпанија во кое ќе игра против Мајорка.

Реванш полуфиналниот меч се одигра на стадионот „Сан Мамеш“ пред пред 52.061 гледачи, што е најголема посетеност во клупската историја на Атлетик.

Финалето ќе се игра на стадионот „Ла Картуха“ во Севилја, на 6 април. Победникот ќе се квалификува за групната фаза во Лига Европа (ЛЕ) за сезоната 2024/25.

Атлетик го има освојувано „кралскиот куп“ дури 23 пати, последниот во 1984 година, и оттогаш шест пати беше поразен во финалето!

Мајорка која го освои купот во 2003 година, откако загуби во финалињата во 1991 и 1998-та, во полуфиналето го елиминира Реал сосиедад.

Мајорка е 16-та во Ла лига и само шест бода над зоната за испаѓање. Атлетик е петти, едно место зад Атлетико на четвртото место.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО