Откако освои два златни медала во Лондон 2012 година, еден златен и еден сребрен во Рио 2016 и два бронзени медала во Токио 2021 година, Шарлот Дужарден нема да се натпреварува на претстојните Олимписки игри (ОИ) во Париз.
Една од најпознатите светски , која е и британска рекордерка по бројот на олимписки медали, нема да биде во Париз поради контроверзното и шокантно видео кое се појави пред неколку дена.
На видеото се гледа како Дужарден за помалку од една минута го камшикува коњот вкупно 24 пати, што беше окарактеризирано како злоупотреба на животни и се искристализира како причина Британката да го откаже настапот во Париз.
CAUTION- UPSETTING This is part of the video – you can hear the determined lash of the whip torturing the poor horse. Charlotte Dujardin should never be let near an animal again and she should be stripped of all Olympic Medals. pic.twitter.com/8Szy17jjlO
— LUCINDA O’SULLIVAN (@LucindasIreland) July 24, 2024
По се’, таа се огласи на својот Инстаграм профил изразувајќи жалење за ненадејната ситуација.
„Се појави видео старо четири години на кое се гледа како правам грешка во расудувањето за време на тренингот. Она што се случи е целосно надвор од мојот карактер и не го одразува начинот на кој ги тренирам моите коњи или моите ученици.
Но нема оправдување за тоа. Длабоко се срамам и требаше да дадам подобар пример во тој момент“, напиша Дужарден.