(ВИДЕО) Реал Мадрид објави компилација од головите на Лука Модриќ

Лука Модриќ влезе во игра во 75. минута на мечот Реал Мадрид – Севилја (1:0) на „Сантијаго Бернабеу“, а само шест минути подоцна го реши прашањето околу победникот со вториот гол сезонава во Ла лига.

За Модриќ, 38-годишниот играч за врска, тоа беше 39-ти гол во дресот на Реал Мадрид. Шпанскиот шампион синоќа објави компилација од головите на Модриќ.

„Дон Лука Модриќ. Задоволство за сите сетила“, е коментарот на мадридскиот клуб со ова видео.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО