Клоп е третиот менаџер на Ливерпул кој го освоил Лига купот повеќе од еднаш

Јирген Клоп е третиот менаџер во историјата на Ливерпул кој го освоил англискиот Лига куп повеќе од еднаш.

Ливерпул минатиот викенд триумфира во Лига купот совладувајќи го Челси во финалето на Вембли со 1:0, по продолженијата, со голот на Вирџил ван Дајк во 118 минута.

За Клоп победата во ова натпреварување беше втора во кариерата. Претходно, германскиот стручњак го освои трофејот во 2022 година.

Во клупската историја на клубот од „Енфилд“, само тројца менаџери го освоиле трофејот во Лига купот повеќе од еднаш. Покрај Клоп тоа им успеало на Жерар Улие (2001 и 2003) и на Боб Пејсли (1981, 1982 и 1983-та).

Јирген Клоп стана менаџер на Ливерпул во октомври 2015 година, но на крајот од сезоната ќе си замине од функцијата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО