(ВИДЕО): Македонија ја изненади Полска, Димитриевиќ прв стрелец, Хап најдобар блокер

Македонија одигра одличен натпревар, можеби најдобар на гостински терен во последниве години, и ја совлада Полска, на гости во Сосновиец со 96:71, во вториот меч од квалификациите за Европското првенство (ЕП) 2025-та.

Тоа беше прва победа за Македонија во групата Х. Во првиот меч во Скопје, Македонија загуби од Естонија (69:73). Во следниот, ноемвриски „ФИБА прозорец“, Македонија ја очекуваат два натпревара, против првиот фаворит, Литванија.

– Честитки до сите мои играчи без оглед на тоа дали некој играше една или 39 минути. Сите инволвирани во оваа победа, од моите асистенти до медицинскиот персонал, се заслужни. Драго ми е што се’ уште имаме шанси за пласман во завршницата на ЕП, изјави селекторот Александар Јончевски на прес-конференцијата по мечот.

И на вториот натпревар, Ненад Димитријевиќ ја покажа врвната класа и статистички потврди дека во моментов е еден од најдобрите бекови во Европа. Тој постигна 32 поени (плус осум скока и осум асистенции) и по двата меча е најдобриот стрелец во квалификациите за ЕП.

Димитриевиќ постигна вкупно 57 поени, за 35,1 минути минати на теренот. На листата на најдобрите поентери тој е пред Словенецот Клемен Препелиќ и пред Торнике Шенгелија од Грузија.

Она што исто така може да радува, е брзата „аклиматизација“ на Американецот со македонски пасош, Итан Хап во репрезентацијата. И крилниот играч на шпанската Гран Канарија одигра одлично на двата меча.

Хап постигна 19 поени, плус седум скока, пет освоени топки и пет додавања, Ѓуроски даде 17, а Маслинко 10 коша. По двата квалификациски меча Американецот во македонскиот дрес е најдобриот блокер (пет), исто колку што забележа и Тригви Хлинасон од Исланд.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО