(ВИДЕО) Невидена ситуација во снукер. Навивачите бараат промена на правилата

Динг Џунхуи, најуспешниот азиски снукер играч на сите времиња, испадна од Мастерс турнирот во Саудиска Арабија по неверојатна ситуација која беше надвор од негова контрола. Ова ги поттикна љубителите на спортот да се јават на социјалните мрежи за да побараат промена на правилата.

Динг, осмиот носител на турнирот на кој победникот ќе добие 600.000 евра, загуби од Стјуарт Бингам со 4:5 во фрејмови, откако му беше досуден прекршок при 4:4 и 32:0 во решавачкииот фрејм поради што местото на масата мораше да му го препушти на ривалот.

Поранешниот светски снукер играч број 1 беше изненаден откако судијата Оливие Мартел досуди прекршок. Причината беше тоа што кога ја погоди црната топка, капачето од врвот на стапот испадна.

Обидот да се уфрли црната топка во дупка беше успешен, но делот од стапот што удри во црвената топка го дисквалификува да ја продолжи играта.


Тоа му даде шанса на Бингам, поранешниот светски шампион, да се врати во мечот, што тој тоа го искористи и со освојувањето на решавачкиот фрејм избори пласман во осминафиналето.

– Не знам дали видовте што ми се случи. Никогаш не ми се случило тоа, а и не сум сигурен дали некому му се случило, објасни Бингам на Инстаграм, додавајќи дека имал среќа да ја задржи смиреноста и да победи.

Оваа ситуација е јасно дефинирана во правилата и судијата донесе правилна одлука. Сепак, навивачите бараат промена на правилата, објаснувајќи дека Динг „не можел да има никаква контрола врз тоа што се случило“. „Тоа не треба да биде прекршок. Правилата мора итно да се сменат“, велат други.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО