(ВИДЕО) НБА плеј-оф: Минесота ги изненади Јокиќ и Денвер

Минесота тимбервулфс забележа голема победа над бранителот на титулата, Денвер нагетс, на гости со 106:99, во втората НБА плеј-оф рунда и поведе со 1:0 во серијата.

Минесота предводена од одличниот Ентони Едвардс, кој натпреварот го заврши со 43 поени, седум скока, три асистенции и две блокади, уште еднаш покажа дека е способна да победи која било екипа во НБА.

Едвардс одлично го отвори натпреварот постигнувајќи 14 поени во првиот квартал, а резултатот во еден момент беше 18:4. Но, Никола Јокиќ и Мајкл Портер го израмнија резултатот и практично така беше до крајот на натпреварот.

Ниту една екипа не успеа да дојде до поголема предност, а на крајот победникот го реши тоа што Тимбервулфс имаа помотивирани играчи.

Карл-Ентони Таунс (20п, 4с, 3а) беше одличен во третата четвртина, Мајк Конли (14п, 10а, 4с) имаше добри моменти во текот на целиот натпревар, а Наз Рид (16п, 4с, 3а) беше феноменален во финалните моменти.

Кај Денвер, Џамал ​​Мареј беше без поени во првото полувреме, но во второто се разбуди и постигна  17, плус четири скока. Портер постигна 20 поени и имаше шест скока. Јокиќ натпреварот го заврши со 32 поени, девет асистенции, осум скока и три украдени топки, но имаше и седум загубени топки.

Џејден МекДаниелс од почетокот на натпреварот беше агресивен во одбраната против лесно повредениот Мареј, на кого Минесота стави акцент на одбраната. Јокиќ го притискаа по тројца играчи на Волфс, од Таунс преку Руди Гоберт и Рид, па српскиот кошаркар секогаш покрај себе имаше висок и цврст играч.

Денвер, пак, не го најде вистинското решение за Едвардс, кој уште еднаш покажа дека е вистинска суперѕвезда. Вториот натпревар од серијата се игра ноќта меѓу понеделник и вторник.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО