(ВИДЕО) НБА плеј-оф: Јокиќ повторно го надигра Џејмс, на Лејкерс им се заканува „метла“

Никола Јокиќ го предводеше актуелниот НБА шампион, Денвер нагетс до победа на гости кај ЛА Лејкерс од 112:105, за водство од 3:0 во плеј-оф серијата од првата рунда на Западот. Нагетс на Јокиќ се првата екипа која на тимот на Леброн Џејмс му нанела 11 порази во низа.

Со преселбата на серијата во ЛА, ништо не се смени. На Лејкерс повторно им се заканува „метла“ од Нагетс на кои им е потребна само уште едно славје за да им го направат истото како и во ланското финале на Западот, да ги „пометат“ со 4:0.

Јокиќ повторно се истакна, постигна 24 поени (шут од поле 9/13), 15 скока и девет асистенции. Но, Нагетс имаа голем број високо мотивирани играчи од кои четворица постигнаа најмалку по 20 поени, а тројца имаа дабл-дабл ефект.

Освен Јокиќ, одличен беше и Арон Гордон со личен рекорд според бројот на поени (29) и скоковите (15) во плеј-офот. Мајкл Портер постигна 20 коша со 10-те скока, а Џамал ​​Мареј постигна 22 поени и му недостигаше на само една асистенција за да се најде во оваа група на Нагетс со дабл-дабл со најмалку 20 поени.

Исто како на почетокот од серијата, кога Јокиќ ја потврди победата со забивање над Леброн, така и од овој меч има вирално видео од акцијата која сведочи за немоќта на еден од најголемите кошаркари досега против српскиот центар. Сега Јокиќ лесно се ослободи од Џејмс, го погоди кошот и доби фаул, а Леброн остана во неверување.


Кај Лејкерс предничеа Ентони Дејвис со 33 поени и 15 скока и Леброн Џејмс со 26 поени и девт асистенции. Остин Ривс додаде 22 поени, но во овој плеј-оф, дуото главни ѕвезди постигна 176, а сите други играчи на Лејкерс искомбинираа 131 поен.

Она што е особено поразително и вознемирувачко за Лејкерс е тоа што тие не можат да ги победат Нагетс и покрај тоа што постигнаа двоцифрен број поени на шест натпревари во серијата порази, вклучувајќи ги и трите од годинашнот плеј-оф.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО