Гвардиола предупредува: Она што му се случи на Ливерпул, може да му се случи и на Сити!

Манчестер сити синоќа забележа убедлива, рутинска победа на гости над Брајтон со 4:0 и се искачи на втората позиција на табелата во Премиер лигата, со бод помалку од лидерот Арсенал, но и натпревар помалку.

Фил Фоден даде два гола и стана 10-от играч на Сити што постигнува над 50 гола во Премиер лигата. По еден гол дадоа Кевин де Брујне и Хулијан Алварез.

Но и покрај одлично издание на неговиот тим, кој повторно покажа дека знае како да се справи со притисокот, менаџерот на англискиот шампион, Пеп Гвардиола, смета дека не само Сити и Арсенал, туку и Ливерпул се’ уште е во трка за шампионската титула.

И покрај двата пораза против Кристал палас (0:1) и Евертон (0:2), Пеп не го отпишува тимот на Клоп од борбата за шампионскиот наслов.

– Она што го направивме во минатото не мора да значи дека ќе се случи и во иднина. Ни остануваат уште пет тешки натпревари. Тоа што му се случи на Ливерпул може да ни се случи нам, и на Арсенал. Луѓето не очекуваа дека Ливерпул ќе загуби од Палас и од Евертон, но тоа се случи.

Зошто? Затоа што тоа е фудбал. Евертон сака да остане далеку од зоната за испаѓање и игра за живот или смрт, како и Нотингем форест. Сè уште го сметам Ливерпул за ривал во борбата за шампионската титула. Го ценам Ливерпул повеќе од кога било. Многу добро го познавам нивниот карактер и мислам дека ќе се борат до крај, изјави Пеп.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО