(ВИДЕО) НБА лига: Дончиќ подобар од Јокиќ, Вембањама по стапките на Робинсон

Во НБА лигата продолжуваат возбудливите натпревари во регуларниот дел од сезоната. На средбата Далас – Денвер (107:105), на нешто помалку од три секунди до крајот беше 105:105.

И кога сите очекуваа топката да оди кај Лука Дончиќ (37 поени, дeвет асистенции и три скока), Маверикс направија акција во која Кајри Ирвинг (24 поени, седум скока и 9 асистенции) со извонреден со шут со левата рака, над Никола Јокиќ (16 поени, 11 скока и седум асистенции), со звукот на сирената погоди за победа на Маверикс.

Единствениот натпревар кој отиде во продолженија се одигра во Сан Антонио, каде што домаќините го победија Бруклин нетс (122:115).

Французинот, 20-годишниот центар Виктор Вембањама, ги наполни статистичките колони против Нетс, завршувајќи го мечот со 33 поени, 15 скока, седум асистенции и седум блокади.

Тоа беше 36-ти дабл-дабл за Вембањама на 60-от натпревар во НБА кариерата. Вембањама, кој е висок 2,24 метри, сезонава одигра пет натпревари на кои постигна најмалку 20 поени, 10 скока, пет блокади и пет асистенции.

Тој е вториот во НБА историјата, по Дејвид Робинсон, исто така играч на Сан Антонио, во сезоната 1989/90, кој завршил меч со плус 30 поени, плус 15 скока и плус пет асистенции и блокади во премиерната сезона.


Средбата Детроит – Мајами (101:104) беше решена во последната секунда од натпреварот кога домаќините ги шокираше Бам Адебајо (20 поени, 17 скока), кој со тројка му донесе победа на својот тим. Покрај него се истакна и Данкан Робинсон со 30 поени и пет асистенции.

Од другите мечеви треба да се издвои домашниот пораз на ЛА Клиперс, од Атланта (93:110), со што ја продолжија негативната серија од четири порази на последните пет натпревари.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО