Лазаревски: Братството и единството го красат Вардар

Во пресрет на стартот на подготовките своите очекувања за новата сезона ги сподели Милан Лазаревски.

„Секогаш ц чппелите ни се највисоки. Претходно во многу наврати, ние играчите, тренерите и управата апострофираат дека секогаш целиме највисоко. Можеби имаме и цели кои некогаш отстрана се над нашиот капацитет. Сепак, сметам дека единствениот начин на кој би се подобрувале и би оствариле значаен резултат е да целиме што повисоко. Сметам дека ќе биде одлична сезона, екипата е доста подновена, ама имаме квалитет. Ќе се воигруваме и не чека доста тежок подготвителен период, ама сигурен сум во изборот на управата и стручниот штаб за составувањето на тимот. Се надевам дека ќе одговориме на предизвикот, ќе се прикажеме доста добро во Лигата на шампионите и секако во домашниот шампионат.

Како што сум кажал и претходно, братството и единството кое владее во овој клуб, не само во овој нов Вардар, туку и од шампионските денови, таа кохезија меѓу играчите и стручниот штаб било клучен фактор за успесите постигнати. Тоа нема да се промени, ќе продолжи таа традиција. Јас и играчите кои сме веќе некое време тука сме им се ставиле на новите ракометари на располагање уште пред да дојдат во Скопје, без разлика дали е поврзано со ракомет. Како морална обврска го презедов тоа на свој грб, заедно со уште неколку од „постарите“ играчи, да им ја олесниме транзицијата и прилагодувањето со цел да го покажат максимумот и најдоброто издание за Вардар“, изјави Лазаревски.

Вардар во подготвителниот период ќе игра на пријателскиот, но силен турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид.

Исто така, на крајот на месец август следуваат првите натпревари од Регионалната лига

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО