Полицијата уапсила „навивач“ во Манчестер поради навредливо скандирање за „Хилсборо“

Полицијата на Манчестер уапсила едно лице за време на четвртфиналниот меч од ФА купот меѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул, поради наводно непристојно скандирање во врска со трагедијата од април 1989 година во која на натпревар на „Хилсборо“ во Шефилд, исто така во ФА купот, загинаа 97 навивачи на „црвените“.

Наводно се слушале навредливи песни за време на победата на Јунајтед со 4:3 во продолжението.

– На сите ни е познато како навивачите ги исмеваат своите противници… но тоа генерално се прави со добар хумор и без навреди. Овие инциденти ја минаа границата на она што е прифатливо. Инцидентите со скандирање на трагедија нема да се толерираат и ќе се решаваат строго, се вели во соопштението на полицијата.

Во него се додава: „Ние тесно ќе соработуваме со двата клуба за да идентификуваме кој било одговорен за прекршоците за време на мечот“.

Претходно и ФА „остро“ го осуди „секое непристојно, навредливо и дискриминаторско скандирање на фудбалските стадиони“ и рече дека ќе стапи во контакт со полицијата на Манчестер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО