(ФОТО, ВИДЕО) Повторно хаотични сцени во Турција: Навивачите на Трабзонспор ги нападнале играчите на Фенербахче!

Фенербахче на гости го победи Трабзонспор со 3:2, но додека гостинските играчи по мечот го прославувааа триумфот беа нападнати од домашните навивачи!

Гостинските играчи, Брајт Осај-Самуел и Мичу Бачуаји им се спротивставиле на хулиганите додека безбедносните служби влегувале на теренот.

Нигериецот Осаи-Самуел, кој порано играше за Блекпул и Квинс Парк Ренџерс, соборил еден напаѓач на земја, додека поранешниот напаѓач на Челси, Бачуаји, удрил друг додека нивните соиграчите биле опколени од противничките навивачи.

Турската новинарка Елис Бусе Арач открива дека Осаи-Самуел „го решил“ напаѓачот кој со алатка за дупчење го нападнал него и другите играчи на Фенербахче!

Во хаосот најлошо минал Хрватот Доминик Ливаковиќ, голманот на Фенер и на хрватската репрезентација. Тој се обидел да се спаси бегајќи во соблекувалната, но додека трчал кон тунелот, домашен навивач силно го удрил во главата.

– Никогаш не е прифатливо насилство на фудбалските терени. Спортот, пред се’, е џентлменство. Во тек е истрагата за идентификување на гледачите кои влегоа на теренот и за инцидентите што се случија на крајот од натпреварот, објави турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја на X.

Тензиите почнале да се зголемуваат во 87. минута кога беа фрлени предмети на теренот откако Бачуаји постигнал гол што се покажа како победнички.

Турската фудбалска федерација (ТФФ) ги нарече настаните „неприфатливи“ и во соопштението рече дека „ќе бидат превземени неопходните кривични санкции за одговорните за инцидентите“.

Ова е последниот во серијата други контроверзни инциденти во турската лига во сезоната 2023/24. Во декември, судијата Халил Умут Мелер беше удрен од претседателот на Анкарагучу, Фарук Коџа, што доведе до суспензија на натпреварите во Суперлигата.

Фенербахче се наоѓа на второто место во турската Суперлига, со два бода помалку од водечкиот Галатасарај и има 30 бода повеќе од Трабзонспор на третото место.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО