(ВИДЕО) НБА лига: Далас ја „растури“ Минесота и ќе игра во големото финале против Бостон

Далас маверикс во петтиот меч од финалето на Западот, буквално ја „растури“ Минесота тимбервулфс победувајќи ја на гости со 124:103 (вкупни 4:1). Патникот во финалето беше познат уште после по првото полувреме, кога Далас направи недостижна предност од 29 поени разлика.

Првите ѕвезди на Далас, Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг беа незадржливи и мечот го завршија со по 36 поени. Дончиќ само во првите четири минути од натпреварот постигна 12, без промашување, а првата четвртина ја заврши со 20 коша, вкупно 36 (14/22 од поле, 6/10 тројки, 10 скока, пет асистенции и две украдени топки.


За словенечкиот феномен, Дончиќ ова е прво големо финале откако пред шест години почна да импресионира во НБА. Тој е првиот кошаркар во историјата на НБА лигата со ефект од 150 скока и асистенции и што погодил 50 тројки во плеј-офот. Тој беше прогласен и за МВП на конференциското финале.

Ирвинг постигна ист број поени како и Дончиќ, со ефект 14/27 од поле, 4/10 тројки, пет асистенции и четири скока.

За Маверикс ова ќе биде трето финале во клупската историја, прво по 2011 година кога ја освоија единствената титула. Тогаш на теренот беше Џејсон Кид, сегашниот тренер на Далас.

Тој е првиот во историјата на најсилната лига по спојувањето на НБА и АБА лигата во 1976 година, кој до плеј-офот серијата за титулата стигнал со ист тим како играч и како тренер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО