Марко Ројс: Борусија Дортмунд е се’ за мене, 12 години значат нешто

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс објасни што значи овој клуб за него.

– Дортмунд е се’ за мене, 12 години минати во тој клуб мора да значат нешто. Не останувате во клубот само поради името или поради парите. Мора да се чувствувате удобно, во добра средина и со одлични соиграчи.

Навивачите исто така играат огромна улога. Кога заминувате, ќе размислите два или трипати пред да ја донесете таа одлука, затоа што сте свесни оти никаде нема да го најдете истото.

Во голема мера, благодарение на навивачите, останав овде толку долго, но и затоа што секогаш се чувствував потребен овде, што е важен фактор, изјави Ројс на официјалната интернет-страница на УЕФА.

Ројс (34) летово ќе ја напушти Борусија како слободен играч. Сезонава искусниот фудбалер одигра 39 натпревари во сите конкуренции, постигна осум гола и запиша девет асистенции.

Утрешното финале на „Вембли“ во Лигата на шампипни (ЛШ) против Реал Мадрид ќе биде негов последен натпревар во дресот на Борусија Дортмунд.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО