Сити инсистира Гвардиола да донесе одлука за својата иднина до крајот на годината

Раководството на Манчестер Сити сака главниот тренер на тимот Пеп Гвардиола да донесе одлука за неговата иднина во клубот до Божиќ (25 декември 2024 година), ова го пренесува „ЕСПН“.

Според изворот, од раководството на Манчестер Сити сакаат Гвардиола да го продолжи договорот до летото 2025 година, но да му даде слобода да одлучи кога ќе го напушти клубот. Самиот шпански стручњак е се поблиску до заминување од Манчестер Сити во летото 2025 година.

Се нагласува дека Манчестер Сити разбира дека ќе биде исклучително тешко да го замени Гвардиола, па затоа сака да има што е можно повеќе време за да го најде најпогодниот кандидат за замена.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО