Вулвс го откупија Дојл од Манчестер Сити

Англискиот играч од средниот ред Томи Дојл, кој оваа сезона е позајмен во Вулверхемптон од Манчестер Сити, ќе остане во редовите на Волвс, откако клубот реши да го откупи неговиот договор.

Дојл сезонава забележа 30 настапи во сите натпреварувања. Со Вулверхемптон потпиша четиригодишен договор. Манчестер Сити од трансферот заработи 4,3 милиони фунти.

Шампионот на Англија ќе заработи 50 отсто од следниот трансфер на 22-годишниот фудбалер, а за веќе договорената цена ќе има можност во иднина да го врати Дојл во своите редови.

Англичанецот игра на позицијата централен играч за врска.

Минатата година го освои Европското првенство за играчи до 21 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО