(ВИДЕО) Хаотични сцени во Билбао, нападнати навивачи на Атлетико

Пред реванш полуфиналиот меч во „кралскиот куп“ меѓу Атлетик Билбао и Атлетико Мадрид (3:0) дошло до инцидент меѓу навивачи на двата клуба.

Како што пренесува радио „Марка“, околу 60 навивачи на Атлетик нападнале неколку навивачи на мадридскиот клуб додека биле во локален ресторан. Според последните информации, еден навивач бил пренесен во болница со тешки повреди на главата.

Во емисијата „Ел Ларгуеро“ на Кадена СЕР, сопругата на еден од навивачите на Атлетико Мадрид кои биле нападнати во Билбао открила низ каков пекол минале.

– Сè беше лошо организирано. Од Атлетик уште порано не’ известија дека ќе нема посебно место за паркинг за автобуси со навивачите. Ни порачаа дека секој може да оди низ градот каде што сака. Знаевме дека тоа е стапица, рече Ана Ману Карењу.

Една група навивачи отишла во ресторан пред натпреварот, а таму се втурнала друга група навивачи. Во хаосот, лицето на едно дете беше исечено, а другото било удрено со шише во лицето и во окото.

Навивачите потоа се јавиле на 911, и додека чекале да пристигне полиција, дошол нов навивачки бран во кој била погодена една девојка кога излегла да запали цигара. Сопругот на жртвата изјавил дека таа била удрена и оти вилицата и е скршена.

Она што најмногу ги налутило навивачите на Атлетико е фактот што никој не ги заштитил.

– Не разбираме. Што требаше да правиме, да ги известиме сите дека сме во кафеана, дека сме нападнати. Тие влегоа внатре со цел да не’ убијат, а помош нема!

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО