Изненадувачки најави од Енфилд: Ливерпул ќе го продава Луис Дијаз!

Колумбиецот Луис Дијаз би можел да го напушти Ливерпул летово, доколку „црвените“ го продолжат договорот со Мохамед Салах, пишуваат англиските медиуми.

Според нив главен приоритет за наследникот на менаџерот Јирген Клоп, ќе бидат новите договори со Салах, со Трент Александер-Арнолд и со Вирџил ван Дајк на кои актуелните договори им истекуваат следната сезона.

„Црвените“ подготвуваат нова понуда и за резервниот голман Каомин Келехер, кој блескаше во отсуство на Алисон Бекер.

Исходот од преговорите со Салах директно би влијаел врз иднината на 27-годишниот Дијаз .„Црвените“ се подготвени да ги слушнат понудите за Дијаз и поради многуте опции во нападот.

Можни интересенти за Дијаз кој дојде во Ливерпул од Порто за 37 милиони фунти во јануари 2022 година, се неколку шпански клубови.

Од друга страна речиси е сигурно дека Тијаго Алкантара и Жоел Матип ќе го напуштат „Енфилд“ по истекот на договорите летово.

Многу работи во Ливерпул сепак ќе зависат од тоа кој ќе биде новиот спортски директор, кој би можел да биде именуван во наредните две недели, секако и од новиот менаџер.

Чаби Алонсо, поранешен херој на „Коп“, сега тренер на Баер Леверкузен, е прв фаворит да го наследи Клоп. Како кандидати се спомнуваат и германскиот селектор, Јулијан Нагелсман, Роберто Де Зерби од Брајтон и тренерот на Спортинг, Рубен Аморим.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО