(ВИДЕО) Атина гори. Над 100.000  Грци го прославија историскиот трофеј

Олимпијакос со победата над Фиорентина од 1:0, во финалето на Лига на конференции (ЛК) во Атина, стана првиот грчки клуб што триумфрал во едно европско клупско натпреварување. Голот за историската титула го постигна Ајуб Ел Кааби во 116. минута.

Ова е голем успех и за тренерот на Олимпијакос, Шпанецот Хозе Луис Мендилибар колј минатата сезона ја предводеше Севилја до освојување на Лига Европа (ЛЕ).

Последен што направи такво нешто беше неговиот сонародник, Рафаел Бенитез. Тој го освои Купот на УЕФА со Валенсија во 2004-та, а една година подоцна и Лигата на шампиони (ЛШ) со Ливерпул.

Овој трофеј е особено сладок за Олимпијакос бидејќи клубот од атинското предградие Пиреја го освои во Атина, на стадионот на големиот ривал, АЕК.

Затоа навивачите на Олимпијакос посебно бурно славеа и му се радуваа по триумфот. За тоа сведочат сцените од улиците на Атина и на Пиреја, каде што според грчките медиуми излегле повеќе од 100.000 навивачи на „црвено-белите“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО