(ВИДЕО) Александар Трајковски: Очекувам одличен натпревар во Риека

Македонската фудбалка репрезентација ги продолжува подготовките за контролните натпревари против Хрватска (3. јуни, Риека) и Чешка (10. јуни, Храдец Кралове).

На последниот тренинг на репрезентацијата и се приклучија напаѓачите, Александар Трајковски, Милан Ристовски, дефанзивецот Ѓоко Зајков и голманот Столе Димитриевски.

Напаѓачот на сплитски Хајдук, Александар Трајковски вели дека очекува одличен натпревар против Хрватска.

– Хрватска е силна репрезентација и одличен тест за нас. Како и во минатото и сега треба да покажеме дека можеме да се носиме со вака силни репрезентации. Но, исто така, ова ќе биде добра контрола и за Хрватска која се подготвува за Европско првенство и мислам дека ќе биде добар натпревар.

Јас и сите во репрезентацијата веруваме во добар резултат. Ќе се обидеме и ќе го дадеме максимумот за да го постигнеме тоа. Едноставно да покажеме какви се нашите идеи и за натпреварите во септември во Лигата на нации, истакна Трајковски за интернет страницата на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО